Бонучи: Јувентус е мојот дом

Беше миленик на фановите, потоа стана предавник со заминувањето во Милан, а сега Леонардо Бонучи повторно се врати во редовите на „старата дама“. Ќе треба време за да ја придобие наклонетоста на навивачите повторно, но за него најважно е што повторно се врати во Торино.

„Јувентус е мојот дом. Беше тешко да се замисли дека вакво нешто може да се случи, но фантастично е што навистина се случи. Многу зум возбуден и среќен што се вратив“, изјави Бонучи за јутјуб каналот на Јувентус.

При оваа размена, Гонзало Игуаин и Матија Калдара претстојната сезона ќе го носат дресот на Милан.

Се вчитува...