Бонучи: Немам намера да се извинувам никому во Јувентус

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи по една година се врати во Торино. Пред да замине беше херој, помина и низ период во кој го нарекуваа предавник поради трансферот во Милан, а сега многумина сметаат дека тој треба да им се извини на фановите и на соиграчите, откако се врати во редовите на „старата дама“. Но, така не мисли и самиот Бонучи.

„Немам намера на никого да му се извинувам. Се што мислам да кажам, ќе кажам на теренот. Само тоа е важно кога си фудбалер, да бидеш најдобар на фудбалскиот терен“, изјави Леонардо Бонучи.

При своето последно враќање во Торино, Бонучи постигна гол во дресот на Милан и прослави навистина бурно. Тоа ги разгневи навивачите на Јувентус, кои се уште не можат да му простат што одлучи да си замине минатото лето. Но, тоа е веќе зад него, затоа што Бонучи повторно ќе го носи дресот на Јуве.

Се вчитува...