Бонучи: Цел натпревар го одигравме погрешно, ова не смее да се повтори

Италијанскиот првак Јувентус го загуби со 1-0 првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Лион. Тимот на Маурицио Сари делуваше немоќно, посебно во обидите да го загрози противничкиот гол. Капитенот Леонардо Бонучи вели дека пристапот на фудбалерите бил комплетно погрешен и тоа речиси во текот на целиот меч.

„Целиот натпревар го одигравме погрешно. Пристапот беше таков уште од почетокот. Доцневме во секој дуел, посебно во првото полувреме, потоа не можевме да фатиме ритам. Примивме гол, а потоа Лион умешно се бранеше. Ние не можевме да ги разбиеме. Ваков пристап веќе не смееме да си дозволиме“, изјави Леонардо Бонучи.

Се вчитува...