Бонучи: Во Милан видов колку голем клуб е Јувентус

Леонардо Бонучи и сезонава е клучен играч во одбраната на Јувентус, а искусниот дефанзивец во интервју за италијанските медиуми се осврна и на времето минато во дресот на Милан. Тој реши да го напушти Јуве и потпиша за „росонерите“, но една година подоцна ја увиде грешката, па се согласи на враќање назад во таборот на „старата дама“.

„Читав многу коментари за мојата преселба во Милан, потоа и за враќањето назад. Сакам да знам што мислат луѓето, не се лутам дури и доколку се далеку од вистината. А вистината е дека сите мои избори имаа свои последици, јас не побегнав од мојот дел од одговорноста. Она што можам да кажам дека во таа година како член на Милан станав подобар човек, но и увидов колку голем клуб е Јувентус“, изјави Бонучи.

Тој има и една голема желба што се уште му е неостварена, да стигне до трофеј во дресот на италијанската репрезентација.

„Сонувам за трофеј со Италија, а времето одминува. ЕВРО 2020 најверојатно ќе ми биде последна шанса. Уште жалам за ЕП 2012, кога го промашив пеналот против Германија. Бев премногу несигурен, до последен момент не можев да решам каде ќе шутирам, а голман како Нојер знаеше како да го искористи тоа. Искрено се надевам дека ќе ми се укаже уште една шанса за освојување на пехар со мојата репрезентација“, вели Бонучи.

Се вчитува...