Борбата меѓу Мејведер и Насукава – „местенка на векот“?!

Американскиот боксер Флојд Мејведер по брза постапка го победи јапонскиот кик- боксер Теншин Насукава во егзибициски меч, и на неверојатно лесен начин заработи девет милиони долари. Во текот на борбата, за две минути, Мејведер трипати го прати Насукава на подот во рингот.

Поранешниот боксер Брендан Шауб смета дека оваа борба е всушност – наместена.

„Јас на Флојд гледам како на еден од најголемите бизнисмени во светот на боречките спортови, но, искрено ваква глума немам видено ниту во – порно филмовите, класична „местенка“. Теншин е слаб актер, потребни му се часови по глума. Мислам дека сето ова беше лажно, но на кого му е гајле за тоа. Мејведер си ќари девет милиони долари“, истакна Шауб.

Се вчитува...