„Борбата за титулата на Ферстапен е прва цел сезонава на Ред Бул“

Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко вели дека прва цел на неговиот тим сезонава е борбата на Макс Ферстапен за титулата во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот одлично ја стартуваше сезоната остварувајќи еден триумф и две втори места и во моментов има осум бода помалку од актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.

„Ќе продолжиме да го развиваме болидот за следната сезона, но тоа никако не значи дека борбата на Макс за титулата ќе ја ставиме во втор план. Не можеме тоа сега да го направиме кога по долги години конечно имаме болид кој може да се бори за титулата“, изјави Марко. 

Првиот човек на Ред Бул очекува голема борба со болидите на Мерцедес на трката за Големата награда на Шпанија која на програмата е викендов.

Се вчитува...