Борче Христов главен кандидат за нов тренер на Работнички?

Работнички денеска остана без тренер, откако Александар Влахо се реши да поднесе оставка на местото шеф на стручен штаб.

ЕКИПА дознава дека во следните денови Борче Христов ќе биде назначен за нов кормилар на „романтичарите“. Христов полседен ангажман имаше во велешки Борец, кога после дуелот во Купот од Струга ТЛ се повлече од местото.

Во минатото Христов беше тренер на Македонија ЃП, Цементарница, Шкендија, ја водеше и Еуромилк, а беше назначен и за координатор на младинската академија на азербејџански Карабах.

Инаку за нов тренер на Работнички се шпекулира и со имињата на Александар Таневски и Жикица Тасевски. Исто така можно е Работнички да се постави в.д. тренер за последните пет кола до крајот на есенскиот дел, па потоа да се бара ново, долгорочно решение.

Се вчитува...