Борче Христов почна да го тренира Работнички

Работнички ги потврди најавите на ЕКИПА и денеска го официјализираше Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша договор до јануари 2023 година и го одржа првиот тренинг со тимот.

„Му посакуваме топло добредојде на Борче Христов на тренерската функција. Веруваме дека со неговото долгогодишно искуство ќе воведе новитети во работата со тимот и Работнички ќе се движи во позитивна насока. Сите заедно сме ќе бидеме во функција на светла иднина на клубот“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Борче Христов ветува напорна работа и се надева дека многу брзо тимот ќе почне да функционира според неговите замисли.

„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на клубот. Работнички е голем предизвик за мене, можам да ветам напорна работа. Тимот поседува голем потенцијал, млади и талентирани фудбалери и ќе се потрудиме да го развиваме во вистинска насока“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов.

Помошниците на Христов остануваат исти. Ќе му асистираат Стојан Игњатов и Блаже Јанакиевски. Перо Костовски ќе биде задолжен за кондициската подготовка, додек Филип Ивановиќ ќе биде тренер на голмани.

Се вчитува...