Борец и Работнички ремизираа на тестот во Велес

Работнички ремизираше против Борец играјќи 2-2 на првиот пријателски натпревар од зимските подготовки што се одигра во Велес. Тренерите Горазд Михајлов и Ратко Достаниќ ја распоредија минутажата на поголем број фудбалери давајќи им можност да се наметнат со својата игра.

Борец поведе со голот на Радоњиќ во 27.минута, а израмни Петковски во 39.минута. Во вториот дел уште по еден гол на двете страни, а стрелец за Работнички беше Ломба.

Работнички на 25.јануари ќе го одигра следниот пријателски натпревар против второлигашот Тиквеш во Скопје.

Се вчитува...