Борец со четири засилувања ги почна подготовките: И Трајановски од А. Пандев ново име

Новиот прволигаш, екипата на Борец ги стартуваше подготовките за новата сезона во која Велес добива повторно фудбалски прволигаш.

Тимот предводен од шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов стартува веднаш со тренинг активностите, главно со костурот зачуван од минатата сезона но и со четири нови имиња.

Велешани досега за прволигашкиот предизвик се засилија со Мартин Блажевски, Филип Стојановски како и голманот Бурхан Мустафа. Најново име и е младинскиот репрезентативец Филип Трајановски кој доаѓа од редовите на Академија Пандев. Трајановски игра на централната дефанзивна позиција. Наредниот период се очекува промоција и на уште неколку засилувања.

Фудбалерите на Борец следните две недели ќе работат во Велес, а од 10. до 22. јули експедицијата се сели во Банско, каде е планирано одигрување и четири контролни натпревари.

Се вчитува...