Ракометниот шампионат на Македонија ќе заврши со еден тим помалку од предвиденото од Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука да го исклучи од натамошното натпреварување тимот на Борец од Велес.
Велешани се санкционирани бидејќи отпатуваа на куп-мечот со Е. Пелистер 2 со само девет играчи, кршејќи ги пропозициите според кои се неопходни 12 ракометари во ростерот за да биде одигран натпревар. Според пропозициите, неодигрување на меч од групната фаза од купот значи и исклучување од целиот систем на натпреварување за таа сезона, што автоматски значеше и преселба на Борец во понизок ранг на натпреварување.
Ова практично значи дека велешани се селат од Супер-лигата во Првата лига, така што преостанатите тимови од плејаутот (Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш) сега ќе се борат да го избегнат само претпоследното место, кое значи и бараж со второпласираниот тим од Првата лига.
Дисциплинците имаа полни раце работа и по последното дерби во Битола меѓу Е. Пелистер и Вардар, кое го одбележа голема борба на теренот, но и инцидент по самиот крај и победата на „црвено-црните“ во салата „Боро Чурлевски“.
По прегледувањето на снимката од инцидентот, донесена е одлука битолчани да бидат санкционирани со парична казна од 30.000 денари.
-На РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, му се изрекува парична казна во износ од 30.000,оо денари. Одлуката е донесена врз основ на член 106, став 1, точка 18 од Дисциплинскиот правилник на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА