Борец замина на подготовки во Грција

Македонскиот прволигаш Борец замина на десетдневни подготовки во Грција. Тимот на Горазд Михајлов следната фаза од подготовките ќе ја реализира во спортскиот центар Атермон каде ќе одигра и три пријателски натпревари.

Покрај новите засилувања, велешани во тимот што отпатува за Грција приклучија и тројва перспективни млади фудбалери од школата, Бобан Нукадиновски, Џемал Ибрахимовиќ и Давид Тодоров. Тие ќе се обидат да се наметнат во сениорскиот состав на претстојните тестови на формата.

Се вчитува...