Борко брани, Манасков стрела – Македонија гази (видео)

Македонија одлично го стартуваше бараж дуелот против Романија, поведувајќи со 8-2 за помалку од половина полувреме на првиот меч во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Гостите тргнаа храбро со напад „седум на шест“, но се им е попусто кога Македонија на својот гол го има Борко Ристовски, кој за 13 минути игра има шест интервенции и само два примени гола.

Голманот на Барселона во голем стил го почна мечот, а по една негова одбрана следеше фуриозен контранапад и лесна реализација на Дејан Манасков.

Се вчитува...