„Борко фантастико“ го поздрави Чави Пасквал (видеа)

Нападот постигна 32 погодоци, но најзаслужен за денешната убедлива победа над Романија сигурно беше Борко Ристовски, кој со одлични интервенции го исфрли од ритам во противникот уште на самиот почеток, трасирајќи го патот кон триумфот.

Со тоа, Ристовски на најдобар можен начин го поздрави сега веќе својот поранешен тренер Чави Пасквал, од кого не доби понуда за нов договор во Барселона, туку уште пред повеќе од една година беше доведена замена за него за летово, Данецот Мелер од Фленсбург.

Ристовски денеска пред очите на Пасквал беше брилијантен, а најдоброто го остави за самиот крај, бранејќи два удари во низа на Јонеа за зачувување на овие „плус осум“ во пресрет на реваншот во Клужж.

Се вчитува...