Борко Ристовски: Јапонците се незгодни, не беше така лесно

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија успешно го стартуваше Мундијалот во Германија, совладувајќи ја селекцијата на Јапонија (37-28) во воведниот дуел. Борко Ристовски беше фантастичен, со 20 одбрани беше нерешлива енигма за јапонскиот напад. Тој смета дека и покрај убедливиот триумф, не беше така лесно против Јапонците.

„Не беше така лесно. Јапонците се незгодна репрезентација, многу се брзи, од 28 гола мислам дека ни дадоа 15 од ‘брз центар’. Задоволни сме од триумфот, не знеавме како ќе изгледа оваа нова Македонија, но добро е, одиме понатаму по победничкиот старт. Сега следи Бахреин, фаворити сме, но треба да бидеме внимателни, иако медиумите и целата јавност очекува лесна победа. Да се одмориме, не треба да не фаќа еуфорија, одиме чекор по чекор“, изјави Борко Ристовски.

Се вчитува...