Борко со Барса во полуфиналето од Суперглоуб, таму го чека Вардар

Барселона е првиот полуфиналист на Суперглоуб натпреварувањето, откако каталонскиот гигант на премиерниот натпревар во Доха славеше над Есперанце Тунис со убедливи 42-24. Борко Ристовски бранеше сите 60 минути за Барселона, вклопувајќи се во одличниот настап на целата екипа на Барса која доминираше во текот на целиот натпревар. Првото полувреме заврши со резултат 19-10, а каталонците продолжија со уште поимпресивна игра во второто полувреме, постигнувајќи 23 погодоци за победа од конечни осумнаесет гола разлика.borko ristovski so gonzaloБарселона во полуфиналето од Суперглоуб најверојатно ќе се сретне со Вардар, кој е голем фаворит на претстојниот дуел со Гахсаран од Иран (14 часот).

Се вчитува...