Борко: Стиснавме заби кога тешко, пресуди нашето искуство

ЕКИПА во Клуж,

Билјана Б. Петрушева

Голманот Борко Ристовски имаше многу значајна улога во овој двомеч, па искусниот чувар на мрежата со право беше задоволен од новиот обезбеден пласман на Македонија на големите натпреварувања.

„Знаевме дека ќе одиграат подобро отколку во Скопје, ние имавме мал пад во второто полувреме… противникот дојде до четири гола разлика, но пресуди нашето искуство, стегнавме заби кога беше најважно и го приведовме мечот кон крај онака како што посакувавме, без никаква резултатска тензија. Можеби можевме и да одиме на победа, но тоа и не е толку важно. Поквалитетни сме од Романија и ако овие мечеви беа на пример во декември, а не сега на крај од сезона, мислам дека уште полесно ќе се пласиравме на СП. Треба да сме задоволни, остваривме уште еден пласман на големите натпреварувања, да уживаме во периодот што следи, да се одмориме сите, па потоа нова сезона со нови предизвици“ – изјави Борко Ристовски.

Се вчитува...