Борнмут и Тотенхем играа 103 минути и не дадоа гол

Борнмут и Тотенхем одиграа маратонски натпревар, но и после 103 минути не постигнаа гол. Овој епилог не им одговара и на двата тима, Борнмут останува во опасната зона на табелата и е се поблиску до испаѓање од елитата, а Тотенхем се оддалечи од можноста да избори пласман на европска сцена.

Борнмут во финишот покажа поголема желба за победа, постигна два гола, но не беа признати после прегледување на ВАР-снимката, првиот поради офсајд позиција, вториот поради игра со рака.

Евертон и Саутемптон ремизираа 1-1. Гостите поведоа во 31.минута со голот на Дени Ингс, а израмни Ришарлисон пред полувремето.

Се вчитува...