Борозан е „лузер на годината“, друштво му прават…

Во годинава што изминува бевме сведоци на прекрасни спортски приказни, успеси и неверојатни подвизи. Сепак, имаше и дијаметрално спротивни случувања, па како што постојат херои, така има и „лузери“ на годината. А овој епитет за 2019 година сосема заслужено му припаѓа на поранешниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан.

ВУКО БОРОЗАН

Вардар ланската сезона се соочи со огромна финансиска криза, но единството во тимот беше на највисоко можно ниво, што на крајот им ја донесе на „црвено-црните“ и втората европска круна. „Сите за еден, еден за сите“ беше слоганот за „вардарци“, со исклучок на Вуко Борозан, кој со право го добива епитетот „лузер на 2019 година“.

Црногорецот се мачеше со повреди, а кога конечно се врати и требаше да помогне реши да се спакува и да си замине. Тој пред ТВ-екрани гледаше како доскорешните соиграчи го креваат пехарот од ЛШ, свесен дека и тој можеше да биде дел од прославата во „Ланксес Арена“ отколку повеќе мислеше на тимот отколку на себе.

ФК РАБОТНИЧКИ

Скопските „романтичари“ се најдобар пример како во спортот се може да се смени за само неколку минути. Во последното коло од ланската сезона им беше доволен само бод на домашен терен против Шкупи за да обезбедат излез во фудбалска Европа.

И до самиот финиш „романтичарите“ имаа водство со голот на Илијоски, но во драматична завршница примија два гола во 89. и во 93. Минута, со што им се урна европскиот сон, а клубот остана без значителна сума на пари. Следеше заминување на тренерот и на голем дел од клучните играчи, а за трагедијата на Работнички да е уште поголема, овој тим очајно го одигра првиот дел од новата сезона и во зимската пауза влезе како „фенерџија“ на табелата.

КК ОХРИД

АВ Охрид беше еден од ретките кошаркарки прволигаши што функционираше во приватна сопственост, а по серијата просечни сезони газдата влезе амбициозно во летото 2019. Ангажиран беше Марјан Илиевски за тренер, а освојувачот на пехарот во БИБЛ од ланската сезона со себе донесе и низа квалитетни засилувања.

Се почна со сериозни подготовки, се одиграа контролни натпревари, се инвестираше и во техничка опрема, за буквално во „пет до дванаесет“ првиот човек на клубот да реши да го затвори проектот.

Се се случуваше пред самиот старт на сезоната, имаше обид општината да го преземе клубот, но и тоа пропадна, па охриѓани останаа без успешна спортска приказна.

Се вчитува...