Борозан и Милиќ во Топ 5 на ЛШ, слаба утеха (видео)

Вардар неславно го заврши својот втор настап на фајналфор турнирот во Келн, па затоа никаква утеха не е присуството на Вуко Борозан и на Страхиња Милиќ во изборите за најубав гол и најдобра голманска интервенција на Ф4. Погодокот на Борозан против ПСЖ беше избран за втор најубав постигнат во „ЛАнкес арена“, додека одбраната на Милиќ на истиот меч е петта најатрактивни на овој Ф4.

Најубавите пет погодоци од фајналфор турнирот во Келн, на чело со магијата во финалето на Диего Симонет можете да ја проследите на ОВОЈ ЛИНК .

На Топ5 листите од Ф4 се најде место и за Страхиња Милиќ и неговата одлична интервенција при обидот на Лука Карабатиќ на почетокот од дуелот со ПСЖ.

Најдобрите ппет голмански одбрани во Келн можете да ги проследите ОВДЕ .

Се вчитува...