Борусија Д. ги решава проблемите во дефанзивата со играч од Челси

Дефанзивецот на Челси, Тревор Чалоба би можел да се пресели во Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок, открива „Билд“. 24-годишниот фудбалер не играше оваа сезона во тимот на „сините“ поради повреда, а во последните месеци се почесто се споменува негово заминување од „Стемфорд Бриџ“ и дека веќе бара нов тим.

Чалоба сака да си замине поради големата конкуренција, со оглед дека Покетино има широк ростер во одбраната. Тука се Дисаси, Силва, Колвил, а го имаат и Бадијашил, како и Фофана. Со тоа тешко дека Чалоба ќе избори место во стартниот тим.

За Англичанецот во минатото имаше интерес од Баерн Минхен, Интер и Јувентус, а сега се вклучува и Борусија Дортмунд. Тој покрај во улогата стопер, одлично се снаоѓа и како последен играч за врска. Има договор со лондонскиот тим до 2028 година.

Се вчитува...