Борусија Д. влезе во серија порази, Баерн Минхен виде мака против Хајденхајм (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд направи „кикс“ во Бундеслигата и дојде до вториот пораз по ред, откако загуби на гостувањето кај Штутгарт. Домашниот тим се изнапромаши на стартот, не реализираше и пенал преку Фухрих, а потоа стигна и казната. Филкруг во 36. минута донесе гостинска предност. Сепак, во 42. минута Ундав веднаш успеа да израмни по една одлична акција.

Штутгарт одеше по втор гол, и дојде во 83. минута. Најдобриот стрелец на тимот Гираси од пенал успеа да погоди, откако самиот го изнуди за големи три бода за Штутгарт, а Борусија Дортмунд се враќа чекор назад во битката за титулата во Германија.

Баерн Минхен сосема очекувано стигна до победата над Хаденхајм и така максимално го „искористи“ киксот на Борусија Дортмунд. Меѓутоа „Баварците“ си поиграа со нервите на своите навивачи, откако дозволија да „прокоцкаат“ сигурно водство од 2-0. Гостите усепаја да дојдат до сензационално израмнување, но во финишот Баерн да стигне до предност од 4-2 која ја задржа до крајот на натпреварот.

Хари Кејн го отвори резултатот во првиот дел и со два гола донесе убедлива предност со 2-0. Првиот гол го постигна во 14. минута, а потоа во 44. минута го доближи Баерн до победата.

Меѓутоа во вториот дел Хаденхајм во 67. минута намали преку Клејнденст, а три минути подоцна преку Бесте да стигне и до израмнување.Сепак, радоста траеше само две минути откако Гереиро одново го донесе Баерн до предност, а Чупо-Мотинг во 85. минута ја запечати победата.

Мајнц одигра само нерешено на гостувањето кај Дармштад, додека Аугзбург и Хофенхајм одиграа нерешено 1-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...