Борусија Дортмунд го совлада Баер и пак му побегна на Баерн

Борусија Дортмунд повторно се одлепи на три бода предност во однос на Баерн Минхен, на врвот на табелата во Бундес-лигата. „Милионерите“ го совладаа Баер Леверкузен со 3-2 и ја прекинаа низата од три меча без победа.

Загаду донесе водство за домаќинот, израмни Фоланд, но Џејдон Санчо се погрижи сепак Борусија Дортмунд на одмор да замине со предност од 2-1.

Марио Геце беше стрелец на третиот погодок за „милионерите“, а Тах до крајот намали на 3-2. Сепак, трите бода останаа во Дортмунд.

Се вчитува...