Борусија Дортмунд не сака да го врати Џејдон Санчо на „Сигнал Идуна Парк“

Германскиот Бундеслигаш Борусија Дортмунд ја отфрли можноста да го врати во своите редови, Џејдон Санчо, кој се уште е без клуб откако летово му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.

Санчо во 2021 година пристигна на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд, во трансфер вреден 73 милиони фунти. Сепак, со текот на времето се етаблираше како едно од најголемите промашувања на Јунајтед, но и како еден од најнеуспешните трансфери во историјата на Премиер лигата.

26-годишниот фудбалер беше отстранет од првиот тим на Јунајтед, откако изјави дека бил „жртвено јагне“, и покрај слабите настапи и разочарувачката форма.

Потоа се врати во Борусија Дортмунд како позајмен играч, а следуваше и привремен трансфер во Челси. Со лондонскиот клуб Санчо ја освои Лигата на конференции на УЕФА, а постигна гол и во финалето.

За сезоната 2025/26, Санчо замина на позајмица во Астон Вила, не се наметна како сериозно решение кај менаџерот Унаи Емери и неговиот договор не беше откупен по што мораше да се врати на „Олд трафорд“.

Во меѓувреме, Санчо тренира со нисколигашот Фликстон ФК, а по корпата од Борусија Дортмунд, неговото име се споменува како опција за бразилскиот Палмеирас.

Се вчитува...