Борусија Дортмунд нема дилема: Халанд останува, се бара замена за Санчо

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел ги демантираше гласините дека норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд би можел да го напушти тимот ова лето по најавената офанзива на Челси за негов трансфер.

Офанзивниот играч Џејдон Санчо ја напушти Борусија и веќе е нов играч на Манчестер Јунајтед, па почна да се зборува дека и Халанд исто така може да се пресели во Премиер-лигата..

„Нема новини за статусот на Халанд. Тој е во нашите планови и наскоро ќе се врати во тимот. Ерлинг сака да игра фудбал, се чувствува пријатно со нас и се радува на можноста да постигне многу голови. Што се однесува до замената за Санчо – работиме на тоа. Ние сакаме играч кој, исто како и Џејдон, ќе се развие во играч од светска класа“, изјави Себастијан Кел.

Порталот „goal.com“ објави дека Челси ја контактирал Борусија за потенцијален трансфер на Халанд и понудил 176 милиони евра како обештетување, но Борусија не била заинтересирана.

Норвежанецот (20) е во Дортмунд од почетокот на 2020 година, кога БВБ се засили од редовите на Ред Бул од Салцбург. Во претходната сезона, тој постигна 41 гол на 41 официјален натпревар во дресот на Борусија.

Се вчитува...