Борусија Дортмунд обезбеди билет за ЛШ

Борусија Дортмунд на едно коло до крајот на Бундес-лигата успеа да обезбеди пласман во Топ 4, кој значи и учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона. „Милионерите“ славеа со 1-3 на гостувањето против Мајнц, стигнувајќи до три бода со кои максимално го искористија вчерашниот „кикс“ на Ајнтрахт против Шалке, па во пресрет на последното коло имаат „плус четири“ во однос на тимот од Франкфурт.

Денешната победа беше осигурана уште во првото полувреме, кога Санчо беше двоен асистент, а Гереиро и Ројс ја затресоа мрежата на Мајнц. Третиот гол беше дело на Брант по додавањето на Халанд, а Мајнц до крајот успеа да постигне само почесен погодок, со пеналот што го реализираше Кваизон во 91. минута.

Најзаслужен за овој успех е тренерот Един Терзиќ, кој седна на клупата во текот на сезонава по серијата слаби игри под водство на Фавр, успеа да го „воскресне“ тимот, да стигне до пехарот во Купот на Германија и да го одведе тимот во ЛШ.

Се вчитува...