Борусија избра: Штегер за наследник на Бош

Челниците на Борусија Дортмунд денеска на прес-конференција го потврдија заминувањето на Петер Бош од клупата на овој клуб, а потоа приредија уште едно изненадување – со изборот на наследник на холандскиот стратег.

Станува збор за Петер Штегер, кој доаѓа во Дортмунд само десетина дена по заминувањето од Келн, тим со кој имаше очајни резултати, но и целосно нарушување на атмосферата во соблекувалната. Иако ја имаше поддршката од навивачите Штегер си замина од Келн, тој си поднесе оставка по серијата очајни резултати и опасноста за испаѓање од лигата.

Сепак, „милионерите“ како главна препорака ги имаа одличните игри и резултати на Келн од минатата сезона, кога овој тим играше исклучително атрактивен фудбал и по 25 години пауза се избори за излез во европските купови.

Како што пишува „Билд“, Штегер би требало да биде привремено решение до крајот на сезонава, кога Борусија Дортмунд би тргнала во тотална офанзива по улијан Нагелсман од Хофенхајм.

Се вчитува...