Борусија Менхенгладбах го доби Баер Лекеркузен на гостински терен

Борусија Менхенгладбах оствари важен триумф (0-1) на гости против Баер Леверкузен и се зацврсти на третата позиција на табелата во Бундес-лигата, со шест бода заостанување зад лидерот Борусија Дортмунд. Аласане Плеа во 37.минута беше стрелец на победничкиот погодок за гостите на овој дуел.

Ајнтрахт Франкфурт беше сигурен на домашен терен против Фрајбург и славеше со 3-1. Халер, Ребиќ и Јовиќ беа стрелци на головите за домаќинот.

Резултати Германија: Аугсбург – Фортуна Диселдорф 1-2, Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах 0-1, Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 3-1, Хановер – Вердер 0-1, Штутгарт – Мајнц 2-3.

Се вчитува...