Борусија не се предава, одложена шампионската прослава на Баерн

Битката за титулата во Бундес-лигата ќе биде разрешена во последното коло следниот викенд откако Баерн не успеа да ја искористи првата можност да ја одбрани круната. Баварците попладнево ремизираа 0-0 на гостувањето против Лајпциг, па по победата на Борусија над Фортуна Дизелдорф тимот на Нико Ковач има два бода предност во однос на „милионерите“ во пресрет на последната рунда од шампионатот.

Баерн имаше повеќе од играта на дуелот со Лајпциг, но се беше попусто кога избраниците на Нико Ковач не успеаја да ја претворат доминацијата во конечен триумф. Горецка успеа да постигне гол во второто полувреме, но беше поништен со ВАР-технологија.

Борусија со многу мака славеше над Фортуна Дизелдорф со 3-2, останувајќи во игра за титулата. Пулишиќ, Дилејни и Геце беа стрелци на головите за тимот од Дортмунд, а мора да се истакне дека при резултат 2-1 гостите не реализираа пенал.

Во последното коло Баерн ќе ја пречека екипата на Ајнтрахт, додека Борусија му гостува на тимот на Борусија Менхенгладбах. На баварскиот гигант му е доволен и еден бод на „Алијанц арена“ за да ја осигура титулата.

Резултати Германија:

Аугсбург – Херта 3-4, Баер Л. – Шалке 1-1, Борусија Д. – Фортуна 3-2, Хановер – Фрајбург 3-0, Хофенхајм – Вердер 0-1, Нирнберг – Борусија М. 0-4, Штутгарт – Волфсбург 3-0, Нирнберг – Борусија М. 0-4.

Се вчитува...