Борусија попушти – Санчо во Манчестер Јунајтед за 70 милиони евра

Бундеслигашот Борусија Дортмунд сепак попушти и ќе прифати 70 милиони евра од Манчестер Јунајтед за услугите на Џејдон Санчо, пренесуваат англиските медиуми. Иако се шпекулираше дека германскиот тим нема да прифати ниту една понуда под 120 милиони, сепак дошло до договор од 70 милиони, а останатото да биде исплатено преку бонуси кои како што се очекува Санчо сигурно ќе ги реализира.

Санчо е заинтересиран за трансфер во Премиер-лигата, а Јунајтед е одлична опција бидејќи „црвените-ѓаволи“ изборија пласман во Лигата на шампионите. Младиот Англичанец во Дортмунд стигна во 2017 година од Манчестер Сити за само 7,5 милиони евра, а минатата сезона за „милионерите“ запиша 44 настапи на кои постигна по 20 гола и асистенции.

Се вчитува...