Борусија сама се „попари“: Испушти 0-2 против Вердер и подари титула за Баерн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд сама си се „попари“ губејќи ги, се чини, и минималните шанси за титула откако во 32. коло од Бундеслигата на гостувањето против Вердер во Бремен одигра 2-2 и покрај тоа што имаше 0-2 на полувремето.

„Милионерите“ до предност од 0-2 дојдоа со головите на Пулишиќ во 6. минута и Алкасер во 41. минута.


Но, сосема изненадувачки домашните дојдоа до бод со головите на Мохвалд во 70. минута и Пизаро во 75. минута.


По ова реми, на две кола до крајот, Борусија Дортмунд е со четири бода заостанување зад водечкиот Баерн Минхен. Само теорија за нив останува како надеж за шампионскиот трофеј.

Се вчитува...