Борусија се уште му диши во врат на Баерн

Борусија Дортмунд нема намера предвреме да се откаже од трката за титулата, откако „милионерите“ попладнево убедливо го совладаа на гостински терен Фрајбург со 0-4, продолжувајќи да му дишат во врат на лидерот Баерн Минхен.

Гостите од Дортмунд го отворија резултатот во првото полувреме, по одличната акција во која Ројс асистираше, а Санчо реализираше, со што значително си ја олеснија задачата за вториот дел. Домаќините мораа да ја отворат својата игра, а Борусија знаеше како да го искористи тоа и со головите на Ројс, Геце и Алкасер стигна до убедлива победа.

„Жолто-црните“ сега заостануваат само еден бод зад Баерн, на четири кола до крајот на сезоната. Во следната рунда Борусија ќе го пречека локалниот ривал Шалке, додека Баерн ќе му гостува на Нирнберг.

Се вчитува...