Шесткратниот Ол-стар и некогаш еден од најспектакуларните кошаркари во НБА, Блејк Грифин потпиша едногодишен договор со Бостон. Грифин беше најзвучниот преостанат слободен играч на пазарот откако му заврши договорот со Бруклин нетс.
На Бостон им треба помош на високите позиции поради повредата на стартниот центар Роберт Вилијамс и италијанскиот шутер Данил Галинари, па одлуката падна на Грифин кој минатата сезона во Бруклин во 56 натпревари имаше просек од само 6,4 поени, 4,1 скока за 17 минути игра.
Грифин во своите млади денови беше најатрактивниот забивач во професионалната кошарка. Но во 2015 година почна да ниже повреди, а од 2018 играше во Детроит каде продолжи со падот поради што предвреме му го прекинаа договорот. Од тогаш е во Бруклин, од каде сега продолжува во Бостон во својата 14-та сезона во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА