Ботас: Ќе ми треба чудо да ја освојам титулата

По неуспехот на трката за големата награда на Ајфер, возачот на Мерцедес, Валтери Ботас како да се помири со фактот дека нема шанси да влезе во борба за освојување на шампионската титула.

„Разочараувањето е големо. Имав шанси да победам и мислам дека имав добра стратегија. Имав одлични перформанси и добри шанси за победа. Но, тогаш се случи проблемот со моторот и едноставно не можев да верувам. Тоа е единствената работа на која не можеш да влијаеш. Знам дека е големо заостанувањето зад Луис така да ќе ми треба чудо за да ја освојам титулата, но јас никогаш не се откажувам“, изјави Ботас. 

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 25. октомври во Португалија.

Се вчитува...