Ботас ќе тргне од пол-позицијата во Португалија

Валтери Ботас ќе тргне од првото место на утрешната трка за ГН на Португалија откако возачот на Мерцедес оствари најдобро време на денешните квалификации.

Финскиот возач имаше одличен круг, а во прилог му одеше и силниот ветер што дуваше во финишот од квалификациите, што ги оневозможи неговите конкуренти да остварат уште подобри времиња. Зад Ботас се најде неговиот тимски колега, светскиот првак Луис Хамилтон, а третото и четвртото место им припаднаа на возачките на Ред Бул, Ферстапен и Перез.

За одбележување е дека по пауза од дури 16 трки, поранешниот светски шампион Себастијан Фетел конечно се пласираше во последната квалификациска рунда. Германецот, кој сезонава вози за Астон Мартин, го освои десеттото место во овие квалификации.

Се вчитува...