Ботас на пол позицијата на Ф1 трката во Германија

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе ја има најдобрата стартна позиција на утрешната трка за Големата награда на Германија. Тој во последната сесија од квалификациите го остави зад себе тимскиот партнер Луис Хамилтон па возачите на овој тим ќе го запоседнат првиот стартен ред. За Ботас ова е 13 пол позиција во кариерата. Тој ја прекина серијата на Хамилтон кој имаше пет последовни пол позиции.

Макс Ферстапен имаше трето време вo квалификациите и во втoриот ред утре ќе биде заедно со Шарл Леклер кој во финишот од третиот дел се проби на четвртата позиција.

Пилотите на Мерцедес ги држат двете водечки позии во генералниот пласман. Хамилтон е лидер со 205 бода, Ботас на второто место има 161. Макс Ферстапен од Ред Бул е со 128 на третото место.

Се вчитува...