Ботас прoговоре за животот со Хамилтон: Сакав да заминам од Формула 1

Во пресрет на новата сезона во најбрзото натпреварување во светот, Формула 1, Мерцедес и неговите возачи Луис Хамилтон и Валтери Ботас се топ тема во светските медиуми. Имено, документарецот на „Нетфликс“ со наслов ‘Formula 1: Drive To Survive’, кој во последните три сезони ги следи возачите на овој тим извади интересни факти.

Во последната епизода се огласи и Валтери Ботас, кој вели дека бил блиску до пензионирање од Формула 1 по 2018 година кога Финецот беше приморан да го пропушти Хамилтион во последниот круг од ГН на Сочи.

„Тој момент беше многу тешок. Тешко ја прифатив таа одлука и бев многу лут. Во еден момент помислив, ‘Што ми треба ова мене?’. Размислував за напуштање на Форума 1. Веднаш по трката им реков дека веќе никогаш нема да го направам тоа“ – изјави Ботас.

Притоа „возачот број два“ говореше и за неговиот статус во тимот, и чувството да бидеш зад Хамилтон.

„Кога твојот клупски колега ќе победи, а ти ќе завршиш на второто место се осеќаш како да си загубил. Знам дека во кариерата знаев да бидам втор возач во тимот, но сакам да покажам дека не сум само број два. Многумина нема да го признаат тоа, но во својот поглед имаат прв и втор возач. Мислам дека членовите на тимот мораат да се запрашаат дали јас и Луис имаме ист третман“ – додаде Финецот.

Првата трка од новата сезона е во етерот овој викенд со Големата награда на Бахраин.

Се вчитува...