Божа Маљковиќ: Ма какви лилјаци, короната е направена од три, четири зли луѓе

Легендарниот српски кошаркарски тренер Божа Маљковиќ, кој со Југопластика освои две титули во Евролигата, а сега ја врши функцијата на претседател на Српскиот олимписки комитет во интервју за „Вечерни новости“ го искажа своето мислење за пандемијата на коронавирус.

Според Србинот, за пандемијата се виновни зли луѓе кои сакаат да го срушат човештвото…

„Убеден сум дека овој вирус е направен тајно, дека го направиле тројца или четворица расипани луѓе, зли генијалци со голем капитал и со намера да го срушат човештвото. Каков пазар, какви лилјаци… Пред неколку месеци реков дека вакцината ќе се појави веднаш по американските избори и тоа и се случи. Разговарав пред некое време и со мојот пријател Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Љубљана, па и со некои луѓе од Словачка. Таму бројот на заболени беше минимален, а не поминаа ниту седум дена од тие разговори, и се се промени на полошо. Сега ќе видиме дали вакцината ќе делува и против мутираниот вирус. Убеден сум дека покрај ова постои некоја голема забава и на неа играат, како што кажав, многу лоши луѓе“ – изјави Маљковиќ.

Се вчитува...