Божиќ Павлетиќ: Повикот од Бабиќ беше случаен, но Еурофарм Пелистер ми е чекор напред во кариерата

Јосип Божиќ Павлетиќ е уште еден ракометар кој летово пристигнува во Еурофарм Пелистер и сигурно ќе даде значаен придонес во обидите на битолчани да освојат најмалку еден трофеј во наредната сезона.

Хрвтскиот крилен ракометар пред една година беше поврзуван со Вардар, тогаш тој замина во Бундес-лигата во дресот на Гепинген, за пред неколку месеци сепак да реши да пристигне во мак-ракометот, како член на амбициозниот проект од Битола.

„Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона. Кратка беше моја пауза. Бундеслигата траеше скоро до први август. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме“, изјави Божиќ Павлетиќ.

Се вчитува...