Божиќно чудо: Брајтон по три месеци победи натпревар во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брајтон ставија крај на серијата од 11 натпревари без победа која траеше цели три месеци откако славеа во последниот натпревар од „Боксинг деј“ над Брентфорд со 2-0.

Победата домаќините ја осигураа во првото полувреме со головите на Тросард во 34. минута и Маупаи во 42. минута.

 

Се вчитува...