Божиќно лудило: Девет гола на „Етихад“, „петарда“ на Арсенал, пет гола и на „Кероу Роуд“

Божиќниот спектакл во Премиерлигата ни донесе четири натпревари кои започнаа од 16 часот на кои беа постигнати вкупно 22 голa. Најголемиот дел од нив ни доаѓаат од „Етихад“ каде Манчестер Сити и Листер приредија фантастичен дуел проследен со девет погодоци во мрежата.

„Весело“ беше и во Лондон каде се сретнаа Вест Хем и Саутемптон, а во голеадата проследена со пет голови на победа се рауваше Саутемптон. Убедлив беше и Арсенал кој со 5-0 славеше на гостувањето кај Норвич, а до три гола броеше Тотенхем во победата над Кристал Палас.

МАНЧЕСТЕР СИТИЛЕСТЕР 6-3

5. Кевин Де Брун, 14. Ријад Марез (пенал), 21. Икај Гундоган, 25. Рахим Стерлинг (пенал), 55. Џејмс Мадисон, 59. Адемола Лукман, 66. Келечи Ихеаначо, 69. Америк Лапорт, 87. Рахим Стерлинг

НОРВИЧ АРСЕНАЛ 0-5

6. Бакајо Сака, 44. Киеран Тирни, 67. Бакајо Сака, 84. Александер Лаказет (пенал), 91. Емил Смит-Роу

ТОТЕНХЕМ КРИСТАЛ ПАЛАС 3-0

32. Хари Кејн, 35. Лукас Мура, 37. Вилфрeд Заха (црвен картон), 74. Сон Хјун-Мин

ВЕСТ ХЕМСАУТЕМПТОН 2-3

8. Мохамед Ељунуси, 49. Михаел Антонио, 61. Џејмс Ворд-Праус (пенал), 65. Саид Бенрама, 70. Јан Бендарек 

Се вчитува...