Божиновски контролор во Гранада, Поповски организациски директор на „Сан Сиро“

И во новата фудбалска сезона во Европа македонските судии и функционери не се заборавени од страна на УЕФА. Поранешниот меѓународен судија Емил Божиновски вечерва во Шпанија ќе го контролира судењето на мечот од завршните натпревари во Лига на Европа меѓу Гранада и норвешкиот претставник Молде.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, кој од страна на УЕФА е задолжен за организација на натпреварите на италијанскиот фудбалски гигант Милан  на стадионот Сан Сиро, на 18. март ќе биде директор на реванш мечот од Лигата на Европа меѓу Милан и Манчестер јунајтед.

Поповски годинава на 25. февруари беше организационен директор на натпреварот меѓу Милан и Црвена звезда.

Не е заборавен и нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев кој доби известување од судиската комисија на УЕФА дека на 24. март ќе суди на еден од квалификационите натпревари за Светското првенство, но се уште не е познато на кој ќе ја дели фудбалска правда, бидејќи судиите тоа известување го добиваат неколку дена пред мечот заедно со обезбедени  авионските билети за таа дестинација.

М.Мицковиќ

Се вчитува...