Божиновски се запиша меѓу легендите на „лавовите“ – 100 натпревари за Македонија ЃП (ФОТО)

Боби Божиновски денеска се запиша меѓу легендите на Македонија ЃП кои засекогаш ќе останат запаметени во историјата на клубот.

39-годишниот Божиновски денеска против Пелистер во 16. коло од ПМФЛ го запиша својот 100-ти натпревар во дресот на „лавовите“ каде е од 2017 година, одлучувајќи токму во Ѓорче Петров да ја заврши својата богата кариера.

За „стотката“ од клубот доби признание како сеќавање на денот во кој се запиша во аналите на прволигашот од Ѓорче Петров.

Се вчитува...