Брајан Боувен од Кожув е МВП на рундата во Суперлигата

Четврттиот круг од натпреварите од ТОП 6, односно од Плеј-аут лигата донесоа неколку навистина добри индивидуални постигнувања. Се издвојува она на кошаркарот на Кожув, Брајан Боувен, кој на гостински терен, во кавадаречки „Јасмин“, оствари еден од најдобрите индивидуални индекси во сезоната.

Блиску до овој е и ефектот на Роберт Рикиќ. Центарот на Работнички на гостувањето во Куманово оствари 41.индексен поен.

БРАЈАН БОУВЕН (КОЖУВ)

Продолжи со добрите игри, овојпат со добитна комбинација за Кожув. Неговиот ефект се покажа како клучен за конечен успех на тимот од Гевгелија во мечот на гостински терен, против екипата на Тиквеш Голден Игл.

За 35:59 минути на теренот, дојде до дабл-дабл ефект. Односно, имаше 31.поен (2/3 за три, 11/12 за два поени и 3/4 од линијата за слободни фрлања).

Но имаше и одлични 17.скока (еден напаѓачки), четири освоени топки, две загубени, една асистенција, кои во крајниот збир му донесоа индекс 48.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Уште еден двоен учинок имаше центарот на Работнички, сега и на гостински терен во Куманово.

Хрватскиот интернационалец реализираше 30.поени (13/18 во обидите за два поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања), дополнети со 11.скока (пет во фазата на нападот), а за 39. минути во игра, додаде и три асистенции, две освоени и една загубена топка и блокада, за исто така висок 41. индексен поен во крајниот индивидуален биланс.

ЛЕОНАРД ДИКСОН (ГОСТИВАР)

Екипата на Гостивар забележа уште една победа пред преселбата во понискиот ранг на натпреварување – Првата македонска лига.

Со негова голема помош, и извесно, најдобриот настап за него во оваа сезона. На гостувањето кај Ангели, одигра нешто повеќе од 37.минути. Реализираше 39.поени, постигна 11.тројки (од 21.обид), додаде и три „двојки“ (од четири обиди), но и 13. скока, од кои пет беа напаѓачки, плус и две асистенции, една блокада и една загубена топка, за индекс 37.

КАМЕРОН ГРЕГОРИ (ГОСТИВАР)

Вториот важен „фактор“ во успехот на гостиварци на гостински терен. Одигра помал број на минути, нешто повеќе од 30, во кои дојде до ефект од 20.поени (9/10 во обидите за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања). Но имаше и уште осум асистенции, еден скок, две освоени и две загубени топки, за 33. индексни поени.

АНДРИЈА СТЕВАНОВИЌ (МКК КУМАНОВО)

Иако дуелот со екипата на Работнички немаше некое големо резултатско значење, тоа не му посмета да одигра еден квалитетен меч, исполнет со добри бројки.

За 37:41 минута во игра, реализираше 26.поени (3/6 за три, 6/7 за два и 5/8 за еден поен), додаде и осум асистенции, седум скока, имаше една блокада, и две загубени топки за тоа време поминато во игра кои му донесоа 33.индексни поени во овој претпоследен круг од втората фаза од Плеј-аут сегментот на „МТЕЛ“ Супер лигата.

ПРВА ПЕТОРКА

Брајан Боувен (Кожув)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Леонард Диксон (Гостивар)

Камерон Грегори (Гостивар)

Андрија Стевановиќ (МКК Куманово)

ВТОРА ПЕТОРКА

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Виктор Ташовски (ТФТ)

Дарин Говенс (ТФТ)

Јован Црниќ (Гостивар)

Кевин Дејвис (Пелистер)

Се вчитува...