Брајтон бара 50 милиони фунти од Сити за Кукурелја

Манчестер Сити на крајот може да се откаже од купување на левиот бек на Брајтон, Марк Кукурелја. „Граѓаните“ беа подготвени да дадат 40 милиони евра, но најновата информација вели дека тие бараат уште плус 10, односно 50 милиони.

Сити до крајот на месецов треба да го продаде Александар Зинченко, за кој се заинтересирани Евертон и Вес Хем, и потоа да тргне по Шпанецот.

Засега тимот на Пеп Гвардиола не е подготвен да даде повеќе од 40 милиони евра за Кукурелја. Челси и Њукасл исто така чекаат исход од преговорите за левиот бек, меѓутоа за самиот играч сакал да игра само за англискиот првак.

Се вчитува...