Браќата Карабатиќ остануваат во ПСЖ до 2022 година

Пари сен Жермен на два дена пред почетокот на фајналфор турнирот во Келн обелодени дека ја продолжува соработката со двајцата француски репрезентативци, Никола и Лука Карабатиќ. Двајцата браќа дојдоа во таборот на „светците“ во 2015 година, па иако имаа договори до 2019, продолжувањето на соработката доаѓа како награда за одличните настапи во претходните две сезони.

Да се биде дел од проектот на ПСЖ е прекрасна спортска авантура. Убедени сме во капацитетот на нашиот клуб, за да успееме да ги исполниме целите што се поставени пред нас. Сите заедно пред себе имаме високи амбиции во годините што следат“ – порачаа браќата Карабатиќ преку соопштение до јавноста.

ПСЖ ќе биде дел од фајналфор турнирот од Лигата на шампионите што претстојниот викенд се игра во Келн, каде „светците“ за противник во полуфиналето ќе го имаат европскиот вицешампион Веспрем.

Се вчитува...