Бранителот на трофејот се откажа од турнејата „Четири скокалници“

После разочарувачките резултати, новогодишната турнеја „Четири скокалници“ ја напушти полскиот ски-скокач Камил Штох, кој воедно го брани трофејот освоен минатата година.

На првите две скокалници во Оберсдорф и Гармиш, Полјакот не освои бодови, а во Инсбрук не се квалификуваше.

„Во овој момент му треба тренинг. И тоа многу тренинг“, изјави Адам Малиш, директорот на полската репрезентацијата.

Штох е трикратен освојувач на овој турнир. Најдобар беше 2017 и 2018 година, како и минатата година каде победуваше во Инсбрук и Бишофсхофен.

Се вчитува...