Бранко Ангеловски именуван за нов тренер на Е. Пелистер 2

Поранешниот македонски репрезентативец и екс-тренер на најдобриот тим на Е. Пелистер, Бранко Ангеловски сега е именуван за нов тренер на вториот тим на Е. Пелистер.

„Е. Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер за предводник на Е. Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, Бранко Ангеловски“ – информираат битолчани.

Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер.

„Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција. Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули“ – велат „пелистерци“.

Се вчитува...