Братското дерби помеѓу Тетекс и Вардар ќе се игра во Тетово (ВИДЕО)

Второлигашкото братски дерби помеѓу Тетекс и Вардар сепак ќе се одигра во Тетово во сабота од 14 часот. И покрај првичните информации дека поради безбедноста истото нема да биде одиграно на градскиот стадион во Тетово, притисокот на двата клуба, како и навивачите „Војводи“ и „Комити“ впроди плод.

Оваа информација ја потврдија и најверните навивачи на Вардар кои заедно со навивачката група на Тетекс заедно ќе го одбележат дуелот.

„По сите перипетии конечно разумот преовлада, па Братското Дерби ќе се одигра во предвидениот термин – Сабота од 14:00ч. на Градскиот Стадион во Тетово.
А кој би ги составил коцките за еден ваков совршен совршен ден?
Натпреварот се игра на 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Организација !
Заедно со браќата Војводи ќе го обележиме со заеднички спектакл, низ Тетовските улици и на трибините.
Последен пат кога бевме заедно беше Декември, 2019 година на мечот со Шкендија во Скопје. Па токму од тој ден и од тој ретко виден спектакл и невидена еуфорија, ви ја презентираме оваа видео најава која е составена од материјали кои досега не се објавени. Премиерно ви ги објавуваме за да ја доловиме атмосферата тогаш, која претставува одлична увертира за она што ќе се случува во Сабота.
Силно нека одекнуваат нашите песни !
Улиците нека се тресат, затоа што на нив ќе маршираат јунаците – наследници на Организацијата !
За борбата за Македонија, која нема ниту почеток а ниту крај !
За Братството, кое ќе трае вечно !
За Вардар, За Тетекс, За Војводи, За Комити, За Скопје, За Тетово – ЗА МАКЕДОНИЈА !“, стои во соопштението на „Комити“.

Се вчитува...