БРАВО ДЕЦА: Македонија го освои 9. место на ЕП до 18 години!

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го освои 9. место на Европското првенство кое што се игра во Србија, откако денеска славеа против репрезентацијата на Израел со 39-29.

Првото полувреме ни донесе фуриозна игра на двете страни. Двете репрезентации во една „ран енд ган“ игра погодуваа буквално од секоја позиција, а сето тоа доведе на пауза меѓу првиот и вториот дел да се замине со минимална предност на Израелците од 19-20.

Вториот дел избраниците на Горан Кузманоски го отворија неверојатно. Засилија во одбраната, а во нападот продолжија да го полнат голот на противникот од секоја позиција, па со серија од 6-0, во последните десет минути од мечот влегоа со позитива од 34-28. Во продолжение разликата само се зголемуваше, а нашата серија продолжи се до 57. минута кога стигнавме и до двоцифрена предност 38-28. На крајот Македонија славеше со 39-29.

Ѓоргиевски и Дамчевски со по осум гола беа најефикасни во нашиот табор, додека кај поразените Нево Месика постигна девет гола.

 

Се вчитува...